Клуб Бриж и Милан
подолго време се во преговори, „росонерите“ оваа недела доставија нова понуда
вредна 35 милиони евра сосе бонуси, но шампионот на Белгија се уште нема дадено
зелено светло.
Шарл Де Кетеларе
од поодамна се има договорено со Милан, па полека го губи трпението и денеска
одбил да тренира.
Младиот фудбалер
пристигнал во тренинг центарот но само за да каже дека нема да истрча на теренот и веднаш се
вратил дома.
Се говори дека со
овој потег Шарл Де Кетеларе ги изненадил и Клуб Бриж и Милан, двата клуба сметаат
дека нема потреба за вакво однесување на играчот сега кога преговорите се во
финална фаза.
Во меѓувреме,
медиумите од Италија пренесуваат дека Шарл Де Кетеларе е подготвен да се откаже
од дел од платата со цел да помогне двата клуба да си подадат рака. Не е јасно
само дали ќе се откаже од дел од заостанатата плата која му ја должи Клуб Бриж,
или од новата плата која ќе ја заработува на Сан Сиро.