447
Повеќе нема
дилеми, Жил Кунде ќе биде ново засилување за Чави ова лето, попладнево
пристигна официјална потврда.
Барселона соопшти
дека е постигната согласност со Севиља за трансфер на дефанзивецот, сега Французинот
треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.
Детали од
зделката не беа откриени, како што пишуваат медиумите, „каталонците“ ќе платат
50 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Со овој трансфер,
Барселона на нови играчи ова лето потроши околу 153 милиони евра, плус додатни
24 милиони евра во бонуси односно 58+9 за Рафиња, 45+5 за Роберт Левандовски и
50+10 за Жил Кунде.