69
Мхитарјан беше еден од главните мотори во тимот на Мурињо минатата сезона, па Португалецот сакаше тој да потпише нов договор. Сепак за Ерменецот шансата да заигра во Интер беше таква каква што не се одбива.
„Го одбрав Интер, жал ми беше што ја напуштам Рома, играв таму три години, ја освоивме Конференциската лига и бев задоволен што сум дел од историјата на клубот“, вели Мхитарјан.
„Фудбалот брзо се менува, имам 33 години и се уште сакам да победувам“.
„Мурињо? Тој се обиде да ме задржи, дури и клубот, но јас одбрав да заминам и тоа се покажа добро за сите, сега тие го земаа Дибала и среќен сум за нив“.
„Инзаги? Се шегуваме цело време бидејќи тој работеше за Лацио додека јас играв за Рома“.