Кристијано
Роналдо сака ова лето да го напушти Манчестер јунајтед, главна причина е тоа
што „ѓаволите“ ќе играат во Лига Европа, Португалецот сака настап во Лигата на
шампиони и да продолжи да испишува историја во најелитното европско
натпреварување.
Неговиот агент
Жорж Мендеш го понуди на многу клубови, од ПСЖ па до Баерн Минхен, Челси,
Атлетико Мадрид и Наполи, но во моментов никој посериозно нема загризано.
Легендата на
Астон Вила, Габи Агбонлахор даде свое видување на ситуацијата и вели дека
Кристијано Роналдо нема никаква лојалност.
„Кристијано
Роналдо ако може ќе потпише и со Ливерпул! Тие се огромни ривали на Манчестер
јунајтед, но Роналдо секогаш се става самиот себе во прв план“ – вели Агбонлахор.
„Важно му е само
да игра во Лигата на шампиони, да продолжи да руши рекорди и да освојува титули.
„Мислам дека
Роналдо нема никаква лојалност кон Манчестер јунајтед, Реал Мадрид или пак
Јувентус“.