По трансферот во
Борусија Дортмунд, на Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестисите.
Спортскиот
директор на „милионерите“, Себастијан Кел сега откри дека минатата недела напаѓачот
бил успешно опериран и туморот бил отстранет.
„Але беше успешно
опериран минатата недела. Се уште чекаме одредени резултати, се дискутира за
третманот и во моментов е јасно дека неколку месеци нема да можеме да сметаме
на Але. Се подготвуваме за различни сценарија, работиме на неколку опции но во
моментов нема ништо конкретно“ – вели Кел.
„Операцијата
помина добро, тој е на прав пат. Але е стабилен и неверојатно позитивен. Испрати
порака до тимот, „Играјте како што треба, дајте го максимумот.
Погрижете се да бидеме во борба за титулата кога ќе се вратам“. И момците ќе го
сторат токму тоа“.