66
Пред десетина
дена, Фламенго и Атлетико МГ одиграа реванш натпревар во осминафиналето од
Купот на Бразил, домаќините славеа со 2-0 и продолжија во следната рунда.
Елиминацијата не
е единствениот лош спомен за Хулк, напаѓачот откри дека имал неверојатно
искуство и изгубил 6 кг на натпреварот.
„Откако пристигнав
во Атлетико, ова е натпреварот на кој најмногу дехидрирав, изгубив 6 кг. Мечот
го започнав со 97 кг, на крајот имав 91 кг“ – раскажува Хулк.
За маката да биде
поголема, Хулк бил избран да направи допинг тест, па напаѓачот не можел да даде
примерок и заглавил до 4 часот наутро.
„Морав да испијам
30 литри вода за конечно да успеам да мокрам“ – додава Живанилдо Виеира де
Соуза.