Казните на Џерард во Астон Вила: 100 фунти за туширање без апостолки, 50 фунти ако не се донесе торта за роденден (ФОТО)

by
1 минути читање

Стивен Џерард во
ноември минатата година беше именуван за нов тренер на Астон Вила по успешната
авантура на кормилото на Ренџерс.
Легендата на Ливерпул веднаш почна да воведува
свои правила и со една од првите одлуки, забрани кечап во кантината на клубот.

На социјалните
мрежи сега се појави листата со казни кои ги одредил популарниот Стиви Џи, покрај
стандардните за дисциплина и манири, во очи бодат неколку интересни правила на
стратегот.

За доцнење на
тренинг се плаќа 500 фунти, а доколку фудбалерите доцнат при излегување на
терен, се плаќа 200 фунти по минута. За доцнење на состанок, прошетка или доцно
пристигнување во автобусот на денот на натпревар, се плаќа 1000 фунти.

Фудбалерите треба
да не оставаат хаос зад себе, па секој што ќе остави опрема на теренот ќе плати
100 фунти по предмет, 100 фунти по предмет се плаќа и доколку некој остави чинии,
прибор или чаши на масите во кантината.

100 фунти е
казната доколку некој погрешно паркира, без разлика дали тоа му се случило во
слободно време или кога доаѓа на тренинг.

За многумина
интересна е казната од 50 фунти по ден за оние кои нема да донесат роденденска
торта, како и казната од 100 фунти за туширање без апостолки, иако оваа
втората е прилично логична, бос под туш на плочки носи ризик за лизгање и
повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани