163
Френки де Јонг прифати намалување на платата за изминатите две сезони поради ковид пандемијата, но парите треба да му се надоместат во овие сезони кои доаѓаат. Холанѓанецот има големи пари за земање од Барселона, па не сака да си оди без нив.
Барселона се договори со Манчестер јунајтед за висината на обесштетувањето, но фудбалерот нема намера да замине иако го убедуваат сите да си оди, вклучително и Чави.
Според холандскиот медиум „Де Телеграф“, Френки де Јонг нема да ја напушти Барселона додека не си ги добие ветените милиони. Клубот му должи околу 19 милиони евра во плати, тој нема намера ниту да зборува за трансфер додека сумата не му биде исплатена.