Ерик тен Хаг и Сер Алекс Фергусон денеска се сретнаа со Кристијано Роналдо во Манчестер, но информациите велат дека не успеале да го променат ставот на Португалецот.
Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед и да игра за клуб кој игра во Лигата на шампионите и може да се бори за трофеи.
Но, нема многу опции. Единствениот кој е заинтересиран е Атлетико Мадрид, сепак тие би потпишале со него само под услов ако си ја намали платата и ако кај нив дојде беспари, немаат намера да платат обесштетување.
Ставот на Манчестер јунајтед е дека Кристијано Роналдо не е на продажба, а тоа значи дека тие немаат намера лесно да го пуштат да си замине.
Сагата на Роналдо ќе продолжи и во наредните денови, засега не се гледа крајот, но мора брзо да биде решена бидејќи новата сезона во Премиерлигата почнува за десет дена, а и преодниот рок ќе влезе во последниот месец.