78
Дибала денеска ја имаше презентацијата пред новинарите, а вечерва ќе биде претставен и пред навивачите на Рома.
Едно од прашањата беше да го објасни неговото заминување од Јувентус, зошто не го продолжи договорот.
„Во октомври имавме договор, а потоа клубот побара да почекам малку, и во март тие ми кажаа дека не можам да бидам дел од идните планови на Јуве. Парите никогаш не беа во прашање како што многумина велеа“, изјави Пауло Дибала.