77
По трансферот на Роберт Левандовски во Барселона се поставува прашањето кој ќе го наследи Полјакот во Баерн Минхен.
Шампионот на Германија оваа недела треба да потпише со талентираниот Матис Тел, но не може да се бара од 17 годишното момче да ја покрие празнината.
Според АРА, „баварците“ пројавуваат интерес за Раул де Томас од Еспањол.
27 годишниот Шпанец, кој е продукт на школата на Реал Мадрид, имаше сосема солидна сезона и постигна 17 погодоци во Ла Лига во 2021/22.
Неговата откупна клаузула е 75 милиони евра, но се верува дека 40 милиони евра ќе бидат доволни за трансфер.