Раководството на Рома работи на создавање на тим за Мурињо со кој Португалецот ќе може да се бори рамо до рамо со најсилните во Италија. Потпишувањето со Пауло Дибала е знак за амбициите на римската волчица.
„Мислам дека тие целат на топ четири позициите оваа година“, вели Делвекио.
Тој за Заниоло рече: „Зошто би си одел сега кога забавата штотуку почна. Не ја напуштате лесно Рома“.
„Важно е Рома да се врати во Лигата на шампионите. Освојувањето на Лигата на шампионите мора да е само почеток на едно посебно патување“.
„Исто така се надевам дека Мурињо ќе го повртори успехот на Капело кој во својата втора сезона го освои Скудетото со Рома, Мурињо сега влегува во втората сезона“.
„Тие харизматични тренери и победници секогаш имаат нешто заедничко. Но мора да им се даде време, ние веднаш со Капело не освоивме, првата година не беше добра, додека Мурињо со Рома освои Европски трофеј. Капело беше гаранција за успех исто како што и Мурињо е“.