Челси повторно ќе извиси, Кунде подготвен да ја прифати понудата на Барса!

by
0 минути читање

Пред 48 часа, Челси беше блиску до ангажман на Жил Кунде, но потоа на сцена стапи Барселона и последните информации велат дека дефанзивецот е на добар пат да се пресели на Камп Ноу.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Жил Кунде е подготвен да ја прифати понудата на Барселона откако разговарал со Чави.

Весникот Спорт пак пишува дека начелно била договорена соработка до 2026 година.

Спорт додава дека паднал договор и помеѓу двата клуба, Барселона и Севиља си подале рака за зделка вредна 50+10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани