75
Минатата недела,
Калиду Кулибали направи трансфер во Челси, дефанзивецот ја одработуваше
последната година од договорот, одбиваше да стави потпис на нов, па Наполи
немаше многу избор.
„Му дозволив на
Кулибали да замине бидејќи побара да ја промени средината. Му кажав дека не
може да направи трансфер во Барселона бидејќи немаат пари, но кога Челси
достави понуда, не можев да кажам НЕ“ – вели првиот човек на Наполи, Аурелио Де
Лаурентис.
Барселона е во
огромни долгови, но и покрај тоа „каталонците“ успеаја на Челси да му го
украдат Рафиња а потоа за 50 милиони евра го купија и Роберт Левандовски.
Се шпекулира дека
Барса сега ќе му нанесе нов болен удар на Челси и ќе го „украде“ и Жил Кунде.