176
Ерлинг Халанд не чекаше многу за својот деби гол за Манчестер Сити, Норвежанецот погоди во својот прв настап во светло синиот дрес.
Пред себе имаше познат противник, тим со кој се среќаваше во Бундеслигата, Баерн Минхен.
На натпреварот се очекуваа повеќе голови, но гледачите видоа само еден кој се случи рано.
Во 12. минута по асистенција од Грилиш, Халанд постигна гол за победа на Манчестер Сити од 1-0.