Милан загуби од поранешниот клуб на Серафимов, пораз и за Интер

by
0 минути читање

Поранешниот тим на македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, Залаегерсег направи вистинско изненадување откако го победи Милан во пријателски натпревар.

Росонерите по 27 минути игра веќе имаа негатива од три погодоци, губеа со 3-0.

Жиру во 30. минута од пенал намали на 3-1, а вториот гол за Милан го постигна Раде Круниќ на четири минути пред крајот на мечот.

И градскиот ривал на Милан не помина подобро денеска, Интер беше поразен од францускиот Ленс со 1-0. Единствениот гол беше постигнат во 90. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×