Френки де Јонг не сака да се пресели во Манчестер јунајтед и се чини дека тоа така и ќе остане. Англискиот клуб ќе почне со реализација на планот Б, а тоа е Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Манчестер јунајтед и во минатото се интересираше за Милинковиќ Савиќ, но тогаш можеше да го купи само со бараната сума од 100 милиони евра која им беше превисока.
Тие се надеваат дека сегашните барања на Лотито се помали и наскоро ќе почнат преговори за да ги дознаат условите под кои можат да го купат Србинот.
Нејасно е дали ќе им успее и оваа мисија, се верува дека доколку не му понудат значително подобар договор од тој што го има во Лацио, и Милинковиќ Савиќ може да ги одбие.
Бидејќи покрај парите не можат да му понудат ништо повеќе од тоа што го има во Лацио. Не играат во Лигата на шампионите, а Манчестер е неспоредливо полош град од Рим за живеење.