77
Српскиот фудбалер ова лето ќе ја напушти Фиорентина, неговиот договор со виолетовите истекува во јуни 2023 година и клубот сега треба да го продаде за да заработи на неговото заминување.
Фиорентина бара 18 милиони евра за Миленковиќ, сума која е оценета како висока за фудбалер кој не би имал загарантиран статус како стартер.
Србинот силно се поврзуваше со Интер, тој требаше да биде замена за Шкрињар за кого интерес има од ПСЖ.
Но, во трката се вклучува и Јувентус и покрај тоа што го ангажираше Глеисон Бремер од Торино. Тие ќе тргнат посилно кон Миленковиќ доколку Даниеле Ругани си замине.
Веројатно за Интер би било премногу ако ова лето покрај Бремер, од Јувентус го загубат и Миленковиќ.