Го исмејуваа, а тој одговори на најдобар начин, Нуњез даде четири гола за едно полувреме! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во првите две пријателски средби на Ливерпул ова лето, Нуњез не даде гол, а имаше и неколку големи промашувања, по што фановите на противничките екипи почнаа да го исмеваат на социјалните мрежи.

Но, денеска Нуњез покажа дека големата инвестиција која ја плати Ливерпул за него, веројатно нема да биде промашена.

Ливерпул поведе во осмата минута со гол на Салах.

Во второто полувреме Клоп стави комплетно нов тим во кој беше и Нуњез.

Ливерпул во 48. минута доби пенал, а Нуњез погоди од белата точка за водство на на Ливерпул од 2-0.

Откако го постигна првиот гол како да му стана полесно, само три минути подоцна даде нов погодок, овојпат погоди во 51. минута за 3-0.

Хет-трикот го комплетираше во 68. минута откако само ја чепна топката додадена од Елиот.

Четвртиот свој погодок го постигна во 90. минута поставувајќи ги конечните 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×