Јувентус го соопшти составот кој ќе оди на подготовките во САД, отпаднаа тројца

by
1 минути читање

Јувентус во САД ќе одигра три пријателски меча, против Депортиво Гвадалахара, Барселона и Реал Мадрид.

Алегри од тимот ги изостави Артур, Адриен Рабио и Арон Ремзи. Артур официјално има повреда, но медиумите пишуваат дека се работи на негово заминување. Слична е ситуацијата со Рабио, а официјалната причина што не е тој во составот се „лични причини“. Рамзи во моментов е во разговори за раскинување на договорот со клубот.

Оние кои од вистински причини нема да одат на турнејата во САД се Федерико Киеза, Каио Жорге и Матиа Де Шиљо, сите тројца се отсутни поради повреди. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани