Дибала потпиша договор со Рома до 30 јуни 2025 година за годишна плата од 6 милиони евра по сезона вклучително и бонуси.
Интересно е тоа што има четири откупни клаузули кои можат да бидат активирани веќе од 1 јули 2023 година и важат само во месец јули во 2023 и 2024 година.
Највисоката откупна клаузула е за Интер, доколку нероазурите сакаат да го купат ќе треба да одвојат 35,5 милиони евра.
Посебна клаузула има и за Милан која е исто така висока, изнесува 31,25 милиони евра.
Третата откупна клаузула е за останатите италијански клубови, таа изнесува 20,75 милиони евра, но со исклучок на Лацио. За соседот на Рома нема откупна клаузула.
Четвртата откупна клаузула е за клубовите надвор од Италија, таа изнесува 21,95 милиони евра.