Рома ја доби трката за потписот на Пауло Дибала кој се обврза на тригодишна верност со римската волчица.
Аргентинецот е среќен што ќе игра пред фановите на Рома и што ќе работи со тренер како Жозе Мурињо.
„Деновите кои допринесоа да го потпишам овој договор беа исполнети со многу емоции“, вели Дибала.
„Брзината и посветеноста која ја демонстрираше Рома покажа колку тие ме сакаат и тоа ја направи разликата“.
„Доаѓам во тим кој е во нагорна линија, клуб кој гради силна иднина и тренер како Жозе Мурињо со кого ќе биде привилегија да се работи“.
„Како противник секогаш сум се воодушевувал од атмосферата која ја создаваат фановите на Рома. Не можам да дочекам да ги поздравам нив носејќи го овој дрес“.
Дибала ќе го носи дресот со број 21 кој го носи во репрезентацијата на Аргентина и го носеше во првите две сезони во Јувентус.
Тој број прво беше наменет за Немања Матиќ, но Србинот се сложи да го отстапи и да ја земе осмицата.
Рома објави и видео од првиот тренинг на Дибала.
Il primo allenamento @PauDybala_JR | #ASRoma pic.twitter.com/zT23lRpEXf
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 20, 2022