4,1K
Пауло Дибала веќе неколку дена е во Португалија со Рома, тој ги помина и медицинските тестови. Клубот денеска го имаше првиот пост за Дибала, а тоа значи дека сите формалности се завршени.
Дибала во Рома пристигна како слободен играч и стави потпис на договор до јуни 2025 година во кој има и откупна клаузула.
Жозе Мурињо и Франческо Тоти имаа клучна улога во убедувањето на Дибала да ја прифати понудата од Рома.
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 20, 2022