Глеисон Бремер се
најавуваше како засилување за Интер, но дефанзивецот утрово пристигна на
лекарски прегледи со Јувентус.
„Нероаѕурите“ со
месеци водеа преговори, никако не успеваа да најдат заеднички јазик со Торино, додека
пак „старата дама“ за три-четири дена успеа да пронајде дил со локалниот ривал.
Во договорот на Глеисон
Бремер има откупна клаузула од 15 милиони евра која се активира во јануари 2023,
па Интер одбиваше да плати 40 милиони евра за играч кој може да биде купен за
многу помалку шест месеци подоцна.
Но работите се
променија кога Баерн Минхен тропна на вратата на Јувентус и го купи Матајс де
Лихт за 67+10 милиони евра.
Јувентус не
штедеше за да пронајде соодветна замина и брзо се договори со Торино. Во прв
момент се говореше за трансфер вреден 40+7 милиони евра, додека последните
информации велат дека се работи за зделка од 41+9 милиони евра.