Девојката на Де Јонг не му дава да замине од Барселона

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед и Барселона го договорија трансферот на Френки де Јонг, но за тој да се случи треба да прифати и фудбалерот, тоа засега не се случува.

Досега беа наведени повеќе причини поради кои Де Јонг одбива да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Беа наведени парите кои треба да ги добие во идните две сезони на име „плата“, љубовта кон Барса… а сега „Спорт“ открива дека причина е и неговата вереница Мики.

Имено таа не сака да се сели надвор од Барселона, а девојката има големо влијание врз фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани