Баерн Минхен во шише по река му го прати дресот на Де Лихт (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Де Лихт од денеска и официјално е фудбалер на Баерн Минхен, германскиот клуб потврди преку официјалната страна.

„Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Матијс де Лихт од Јувентус. 22-годишниот холандски репрезентативец стави потпис на договор до 30 јуни 2027“, стои во соопштението на Баварците.

Баварците на интересен начин го објавија трансферот, на социјалните медиуми постираа видео со шише како плови по река и стигнува до Де Лихт. Во шишето беше дресот со број 2027, годината до која потпиша фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани