Тоти му ја понудил „десетката“ на Дибала, но тој ја одбил, смета дека уште не заслужил да го носи тој број

by
1 минути читање

Бројот 10 во Рома е пензиониран, никој не го носел откако Франческо Тоти стави крај на кариерата.

Дибала е фан на Тоти, а легендата на Рома му направи голема чест на Аргентинецот со тоа што му ја понуди „десетката“.

Спортскиот директор, Тиаго Пинто му однел дрес со бројот 10 на Дибала за време на преговорите. Фудбалерот се заблагодарил на честа, но одбил, рекол дека се уште не заслужил да го носи тој легендарен број кој има посебна тежина во Рома.

Дибала ќе го носи бројот 21 за кој добил дозвола од Немања Матиќ. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани