Лукаку: Заминувањето од Интер ми беше грешка

by
1 минути читање

Челси одвои 113 милиони евра за да го купи Лукаку, но белгискиот напаѓач брзо падна во депресија и посака да се врати во Милано.

Тоа се случи, во следната сезона тој ќе игра на позајмица во Интер.

„Најголемиот предизвик во мојата кариера ќе биде оваа сезона. Направив грешка што заминав. Сега сум среќен што повторно ќе го носам овој дрес“, вели Лукаку.

„Тимот знае што треба да направиме и оваа сезона ќе биде голем предизвик за нас“.

„Кога бев во Англија минатата сезона сфатив колку е голем Интер, колку е значаен во светот. Погледнете колку е добра атмосферата во тимот, во соблекувалната, на тренинзите, нашите прегратки и шеги“.

„Милано е прекрасен град и затоа го задржав стариот апартман кога отидов во Лондон, бидејќи мајка ми доаѓа тука цело време и јас сакав да се вратам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани