Милан и Рафаел
Леао подолго време се во преговори, „росонерите“ му понудија три пати поголема
плата и 4,5 милиони евра по сезона, но напаѓачот бара повеќе.
Неколку гиганти
ова лето пројавија интерес за неговите услуги, Челси е последниот кој тропна на
вратата, па очигледно Рафаел Леао ги користи за да изнуди подобри услови.
Последните
информации велат дека Милан е подготвен на маса да стави 6 милиони евра за да
ја продолжи соработката со својата млада ѕвезда.
Во меѓувреме,
навивач на „росонерите“ излезе со очајнички и малку луд потег во обид да го
убеди Рафаел Леао да остане. На социјалните мрежи тој се закани дека ќе си ја
исече ногата на која има тетоважа од напаѓачот доколку Португалецот не стави
потпис на нов договор.
Рафаел Леао
одговори со неколку емоџи и молби навивачот да не прави вакви работи.
Se non rinnova Leão mi taglio la gamba pic.twitter.com/oqBkuJZteW
— Gabriele (@gabbocin) July 14, 2022