Барселона го брка Де Јонг, му кажале дека треба да си оди!

by
1 минути читање

Барселона и Манчестер јунајтед постигнаа договор за трансфер на Френки де Јонг, 75 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси, но проблем е фудбалерот.

Ставот на Де Јонг засега е тврд, тој вели дека сака да остане во Барселона, сака да продолжи да игра за каталонскиот тим.

За време на ковид кризата, Де Јонг прифати да му се намали платата, а разликата подоцна да му биде исплатена. Од следната сезона тој треба да ја добива и платата која тогаш му беше одземена.

Годишната плата на Де Јонг е 14 милиони евра, но поради претходните намалувања следната сезона треба да добие 22 милиони евра, а сезоната потоа околу 30 милиони евра.

Кога ќе се видат овие бројки, разбирливо е зошто тој сака да остане, и зошто Барселона го брка.

Манчесер јунајтед не се откажува, тие го убедуваат да потпише за нив, но засега неговиот став останува непроменет, сака да остане во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани