Арсенал е во преговори со Манчестер Сити за Зинченко

by
1 минути читање

Според новинарот Дејвин Орстејн, Арсенал работи на ангажман на Зинченко од Манчестер Сити.

Двата клуба во овој преоден рок веќе имаат еден договорен трансфер, Габриел Жесус, а сега ќе се обидат да најдат заеднички јазик и за Зинченко.

Се верува дека Сити е подготвен да го продаде Зинченко доколку до нив стигне соодветна понуда.

Арсенал ја загуби трката за Лисандро Мартинез, па сега ќе се насочи кон 25-годишниот Украинец.

Зинченко во репрезентацијата на Украина игра во средниот ред, но во Манчестер Сити е лев бек. 

Манчестер Сити се обидуваат да го ангажираат Марк Кукуреља од Брајтон, а со тоа Зинченко ќе стане уште подостапен за Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×