63
Рахим Стерлинг го комплетираше трансферот во Челси, напаѓачот се обврза кон „сините“ до јуни 2027 со опција за додатни 12 месеци.
„Лондон е мојот дом и местото како започна се, па прекрасно е тоа што ми се укажа шанса секоја недела да играм пред пријателите и семејството. Со нетрпение чекам да ги сретнам навивачите“ – изјави Англичанецот.
Рахим Стерлинг е прво засилување на Тод Боли и новите сопственици на Челси, за неговите услуги ќе бидат платени 47,5 милиони фунти.
Се говори дека напаѓачот ќе има нешто над 300.000 фунти неделна плата со што ќе стане најплатениот играч на „сините“.