Тен Хаг натпреварот го играше со две постави, посилните го почнаа мечот, а на полувремето шанса добија сите останати. Јирген Клоп го подели тимот на три постави, сите добија по 30 минути, почна со најслабите, заврши со најсилните.
Манчестер јунајтед максимално го искористи првиот дел кога тие играа со силен тим, а Ливерпул со трета постава.
Резултатот го отвори Џејдон Санчо кој во 12. минута искористи една грешка на одбраната на Ливерпул и донесе водство од 1-0.
Во 30. минута Фред постигна гол со убав лоб удар за водство на Манчестер јунајтед од 2-0.
Две минути подоцна во игра за Ливерпул влезе втората постава.
Но во 33. минута Марсијал по една одлична соло акција го зголеми водството на 3-0.
Вториот дел Тен Хаг го почна со втората постава, а во 61. минута Клоп ги стави своите најдобри фудбалери.
Но и тоа не помогна да се ублажи поразот, напротив, Манчестер јунајтед даде уште еден гол. По една брза контра Пелистри погоди во 76. минута за конечни 4-0.