111
Пандев во Серија А дебитираше во 2003 година во дресот на Анкона, потоа играше за Лацио, Интер, Наполи и Џенова.
Статистиката вели дека Горан Пандев е еден од најефективните фудбалери во 21 век во Серија А. Тој има одиграно 491 натпревар, има 101 гол и 49 асистенции. За да се измери ефективноста во овој случај се собираат бројот на голови и асистенции. Пандев има вкупно 150 и се наоѓа на 18. место.
Неприкосновен на врвот е Франческо Тоти кој има ефект од 328 (207 голови и 121 асистенција), легендата на Рома има одиграно 444 натпревари.