Манчестер јунајтед и Барса договориле трансфер на Де Јонг вреден 85 милиони евра, но има еден проблем

by
1 минути читање

Генералниот извршен
директор на „ѓаволите“, Ричард Арнолд и директорот за фудбал, Џон Мурто синоќа
пристигнаа во Барселона и се сретнаа со Матеу Алемани, Џорди Кројф и
Рафа Јусте.

Како што
пренесува новинарот Ориол Доменеш, на состанокот паднал договор за трансфер на
Фреки де Јонг, двете страни си подале рака за зделка вредна околу 85 милиони
евра (фиксен дел + бонуси).

Но во моментов
има еден проблем, Френки де Јонг не сака да го напушти Камп Ноу. Одредени
извори велат дека Барселона на Холанѓанецот му должи околу 20 милиони евра како
плата и бонуси од периодот кога клубот беше силно погоден од ковид-19
пандемијата и тој бара да се реши ова прашање пред да одлучи за трансфер во
Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×