Информациите од Германија велат дека Левандовски утре (вторник) ќе се приклучи на подготовките на Баерн Минхен.
Сепак „Спорт“ тврди дека работите се придвижуваат во последните часови и во таборот на Левандовски владее оптимизам дека тој може да потпише за Барселона до крајот на неделава.
Според каталонскиот весник, Баерн Минхен не прифаќа понуда помала од 50 милиони евра, не прифаќа ниту рати, ниту играчи, ниту бонуси. Топката е во рацете на Барселона.
Од таборот на Левандовски сметаат дека трансферот е поблиску од било кога, Барселона е подготвена да достави понуда која ќе го задоволи Баерн Минхен.
Треба се да биде завршено до 18. јули, тогаш почнува турнејата на Баерн Минхен во САД, па ако не го продадат во меѓувреме, Баварците ќе го понесат и Левандовски со нив.