77
Минатата недела беше објавено дека на Челси му била понудена шанса да ги ангажира Кристијано Роналдо и Нејмар, но фокусот на „сините“ е кон Рахим Стерлинг и Рафиња.
Англичанецот е пред трансфер на „Стемфорд Бриџ“ но Бразилецот е блиску до преселба во Барселона откако „каталонците“ ја зголемија понудата.
„Сините“ полека се помируваат дека ја губат битката за Рафиња, но Кристијано Роналдо и Нејмар и понатаму остануваат во втор план.
Како што пишува Телеграф, Челси ќе се обиде да го ангажира Серж Гнабри од Баерн Минхен. Германецот ја одработува последната година од договорот, нема напредок во преговорите за продолжување на соработката, па лесно може да се случи да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.