74
Информациите од Турција велат дека престојот на Месут Озил во Фенербахче заврши, клубот му го раскина договорот.
Тој во јануари 2021 година во Фенербахче пристигна како голема ѕвезда, рече дека од мал навивал за турскиот клуб и ветуваше многу. Минатата сезона на 22 лигашки натпревари даде осум голови, но потоа беше отстранет од тимот поради недисциплина.
Формата на Озил уште во Арсенал драстично падна кога тој ги откри видео игрите и им се посвети нив.
Сепак Озил можеби нема долго да биде без клуб, тој во моментов преговара со Башакшехир кој е исто така од Истанбул.