Антонио Конте во Италија важи за еден од тренерите кои практикува брутални физички подготовки на неговиот тим. Тоа го имаат истакнувано неговите фудбалери, но сега го почувствуваа и играчите на Тотнем.
На првиот тренинг на подготовките во Јужна Кореја, фудбалерите на Тотнем биле шокирани од тежината на тренингот.
Фудбалерите два часа го претрчувале фудбалскиот терен во должина. Дел од играчите паѓале од истоштеност и по краток одмор повторно продолжувале, меѓу тие биле и Кејн и Сон кои исто така тешко го поднеле тренингот.
Во денешниот фудбал често се случува преплатените нежни фудбалски ѕвезди да негодуваат на тешки тренинзи, останува да видиме дали тоа ќе биде случај и во Тотнем. Фудбалерите минатата сезона беа задоволни од работата на Италијанецот, па се очекува да веруваат во него и да ги поддржат неговите тренинг методи, колку и да се брутални.
Brutal training sessions under Conte. The players are being put through repeated full pitch runs after two hours of training. Players dropping out, feeling the heat and pace, before rejoining the group. Kane and Son among those feeling the pace, collapsing and then rejoining. pic.twitter.com/AOhSDvwAMS
— Alasdair Gold (@AlasdairGold) July 11, 2022