Иако Роберт Левандовски во изминатите години даде премногу за Баерн Минхен, клубот игра тврдо и не сака да го продаде на Барселона.
Во таборот на Левандовски се чудат како Баерн Минхен одби 45 милиони евра од Барселона за фудбалер кој наскоро ќе наполни 34 години и има само уште една година од договорот. А од друга страна, во исто време тие потпишаа со 30-годишниот Мане за 32 милиони евра кој исто така имаше уште една година од договорот со Ливерпул.
Мане е речиси четири години помлад од Левандовски, двајцата имаа уште една година од своите договори, Баерн го купи играчот на Ливерпул за 32 милиони евра, а не сака ниту да слушне за продажба на Левандовски за 45 милиони евра.
Некои се сомневаат дека раководството на Баерн Минхен игра тврдо поради изјавите во јавноста на Роберт Левандовски во изминатиот период кои делуваа и навредливо за Баварците.