Садио Мане откри
како не ги послушал наредбите на Ливерпул за време на Африканскиот куп на
Нации.
Во осминафиналето
и пресметката против Зеленортските острови, напаѓачот доби удар во главата и заработи
потрес на мозокот.
Ливерпул барал
тој да не игра во четвртфиналето против Екваторска Гвинеја, „црвените“ дури и
испратиле допис до ФИФА за светската куќа на фудбалот да му одреди на напаѓачот
пет дена одмор.
„Не зборував
многу за повредата на мечот против Зеленортските острови, кога заработив потрес
на мозокот. Ливерпул изврши голем притисок врз федерацијата, дури испрати и
писмо до ФИФА дека треба да одмарам пет дена и да го прескокнам четвртфиналето“
– открива Садио Мане.
„Докторот на
репрезентацијата мораше да ги следи правилата. Кога ми го кажаа ова, му се
јавив на селекторот и му реков, „Докторот вели дека не треба да играм, но мораш
да ме ставиш во стартниот тим“. Се јавив и кај претседателот на федерацијата и
му кажав дека морам да играм, ако треба и ќе умрам“.
„Му кажав дека
сум подготвен да потпишам договор, дека превземам одговорност, ако умрам, јас ќе
сносам вина, никој друг“.
„На крајот не ми
дадоа да потпишам таков договор, но најдовме компромис. Докторот рече дека утрото
пред натпреварот ќе направиме нови тестови и доколку се е во ред, ќе добијам дозвола да играм. Ги направивме тестовите, ги погледнаа и луѓето од КАФ и ми
дадоа зелено светло“.
„Му благодарам на
Бог што сè добро се заврши“.