Не само што ги пропушти тренинзите, Роналдо нема да оди и на турнејата со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо се уште не се појавил на тренинг на Манчестер јунајтед откако тимот ги почна подготовките за новата сезона. Изговорот е дека тоа е поради семејни причини.

Но, последните информации од Англија велат дека тој нема да патува ниту во Тајланд заедно со останатите играчи на Манчестер јунајтед кои треба тргнат утре.

Официјалната информација од клубот е дека на Роналдо му е дадено дополнително време за да се справи со семејните проблеми.

Но речиси никој не верува во таквите тврдења бидејќи Роналдо не важи за фудбалер кој лесно пропушта тренинзи, обично Португалецот прв доаѓа и прв си заминува.

Неговото однесување ги подгрева гласините дека тој бара од клубот да биде продаден и затоа не сака да тренира. Сака да го напушти Манчестер јунајтед бидејќи тимот не покажува амбиции какви што тој сака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани