Мурињо и Сари не се задоволни од досегашниот преоден рок

by
1 минути читање

Рома досега потпиша со Немања Матиќ и голманот Миле Свилар кои дојдоа како слободни играчи, а го купи и Зеки Челик за седум милиони од Лил.

Единственото засилување на Лацио досега е Маркос Антонио кој пристигна од Шахтар Доњецк. Сари остана без својот прв голман, а има шпекулации дека би можел да биде продаден и Милинковиќ-Савиќ, иако за Србинот цело време има гласини дена може да си оди, па никако да се случи тоа.

Рома може да го загуби Заниоло доколку Јуве достави вистинска понуда, ако се случи тоа, волчицата ќе тргне по Доменико Берарди од Сасуоло.

Но, „Кориере дело Спорт“ тврди дека прв избор на Жозе Мурињо е Пауло Дибала кој тешко дека Рома ќе може да го добие. Последните информации се дека тој сепак ќе заврши во Интер.

Рома долго преговара со Сасуоло и за Фратези, но тие преговори никако да завршат позитивно.

Лацио бара нов голман, а Сари ќе биде среќен ако клубот успее да му го донесе Кепа Аризабалага од Челси со кој работеше во 2019 година.

Лацио е во трка и за дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли.

Како и да е, засега Мурињо и Сари немаат причина за задоволство од активностите на трансфер пазарот, но има уште време за ситуацијата да се промени и во двата клуба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани