Дибала му кажал ДА на Интер, Аргентинецот прифатил помала плата

by
1 минути читање

Пауло Дибала
прифатил помала плата и му кажал ДА на Интер, ова денеска го пренесе Газета
дело Спорт.

Весникот пишува
дека Аргентинецот се сложил на условите кои ги ставил Бепе Марота на маса,
односно плата од 5 милиони евра по сезона, плус еден додатен милион евра во
бонуси кои се поврзани со бројот на одиграни натпревари (најмалку 50% од
натпреварите во сезоната).

Сега се пеглаат останатите
детали, се говори дека нема голема разлика помеѓу двете страни, но зделката и
понатаму не е лесна.

Потребно е Интер
да се ослободи од двајца напаѓачи, односно од Алексис Санчез и еден од Еден Џеко
и Хоакин Кореа.

Пауло Дибала
побарал од „нероаѕурите“ што поскоро да го решат ова прашање зошто нема да чека
многу долго и ќе почне да разгледува други понуди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани