Унаи Емери во Виљареал носи две искусни ѕвезди

by
1 минути читање

Единсон Кавани и Пепе Реина се искусните ѕвезди кои треба да потпишат за Виљареал ова лето.

Емери ќе го загуби Арнаут Данџума кој веројатно ќе се пресели во Вест Хем, па стратегот побарал од раководството да му го донесат ветеранот Единсон Кавани.

Кавани во моментов е слободен играч, а во Манчестер јунајтед покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Наскоро договор со Виљареал ќе потпише поранешниот репрезентативен голман на Шпанија, Пепе Реина.

Тој е слободен играч откако го напушти Лацио, па и тој беспари ќе се приклучи на жолтата подморница.

Емери со ангажман на овие двајца искусни играчи сака да внесе победнички менталитет во тимот бидејќи и двајцата имаат освојувано големи титули во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани