Баерн си тера мајтап: За Левандовски ги бара сите пари веднаш бидејќи Барса немала да постoи за година-две

by
1 минути читање

Баерн Минхен веќе одби три понуди од Барселона за услугите на Роберт Левандовски, послендата беше вредна 40 милиони евра.

Како што пренесува новинарот Рафаел Хонигштајн, проблем не е само сумата, туку и структурата на плаќањето.

„Баварците“ бараат Барселона веднаш да ја плати цела сума, наместо на неколку рати. Шампионот на Германија стравува дека клубот од Камп Ноу нема да постои за година-две поради огромниот долг, па тие нема да можат да ја наплатат целата сума.

Точно е дека Барселона има долг поголем од една милијарда, но тешко за верување е дека клубот ќе банкротира со оглед на тоа дека има имот кој вреди многу, како и голем број на фудбалери од кои може добро да заработи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани