186
Според италијанските медиуми Беланова во првата сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Интер, но нероазурите ќе имаат обврска да го откупат следното лето.
Интересно, Беланова дури 13 години беше дел од школата на Милан, таму се запозна со фудбалот и остана во сите младински категории.
Во 2019 година се пресели во Бордо каде го имаше првиот сениорски настап, а потоа како позајмен играше во Аталанта, Пескара и Каљари кој на крајот целосно го откупи.
Сега 22-годишниот десен бек се враќа во Милано, но овојпат ќе ги носи црно-сините бои.