Соблекувалната која ќе ја води Галтие е многу поинаква од претходните каде што бил тренер. Тој првпат се соочува со толку многу ѕвезди на едно место, па ќе мора да најде начин како да го скроти нивното его.
Моделот кој го одбрал е строгост, барем според неговите изјави. Тоа може да биде и контрапродуктивно во денешно време со оглед на непослушноста кај фудбалерите, но Галтие верува дека ќе успее да ги скроти фудбалерите.
Тој најави кратење на тимот, бидејќи не сака да има незадоволни фудбалери кои ќе бараат да играат, а нема место за такво нешто.
„Во фудбалот не може да имате добри резултати ако имате незадовоолни фудбалери. Мора да го намалиме тимот. Никој нема да биде над тимот во мојата група на играчи. Кој не сака да се стави во функција на тимот, кој не сака да помогне, ќе мора да си оди“, вели Галтие.
„Сум запознал соблекувални со големи ега и привилегија е да се има таков тим. Ќе зборувам со секој фудбалер отворено. Не планирам да правам револуции во соблекувалната, но имам поддршка од раководството да донесам одлука која ќе сметам дека е најдобра. Без разлика на името на фудбалерот, ако некој не се вклопува во проектот, ќе мора да си оди“.