Ибра ќе потпише нов договор со Милан, ќе има 41 година, но нема намера да се пензионира

by
0 минути читање

Ибрахимовиќ е клучен за последните успеси на Милан и покрај тоа што не се изнаигра. Со неговото доаѓање во тимот, тој го промени менталитетот на екипата, а тоа се покажа како клучно.

Според Џанлука Ди Марцио, Ибрахимовиќ ќе потпише нов едногодишен договор со Милан, со трајност до јуни 2023 година.

Неговата плата ќе биде околу 1 милиони евра годишно, плус бонуси во зависност од перформансите и остварени цели.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 41 година, моментално се рехабилитира од тешка операција, но не се предава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани