Манчестер јунајтед конечно почна да се засилува за следната сезона, првиот играч е Тирел Маласија.
„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека Тирел Маласија му се приклучи на клубот потпишувајќи договор до јуни 2026 година со опција за продолжување на уште една“, стои во соопштението на клубот.
Јунајтед на Феенорд му плати 15 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси.
„Неверојатно е чувството да се биде во Манчестер јунајтед. Ова е ново поглавје за мене, нова лига со нови соиграчи и фантастичен тренер кој ќе не предводи“, вели Маласија.
„Го знам него играјќи против неговите тимови во холандската лига, квалитетите кои ги има и барањата од неговите фудбалери“.
„Можам да им ветам на фановите на Јунајтед дека секогаш кога ќе го облечам црвениот дрес ќе дадам се од себе на теренот“.
Anyone else in the mood for Malacia?
@T_Malacia#MUFC || #WelkomTyrell pic.twitter.com/rdZs3FtMEL
— Manchester United (@ManUtd) July 5, 2022